Ова видео од Јутјуб каналот на TED-Ed ни објаснува зошто е важно да стоите и седите исправено. Вашето држење влијае врз секое движење на телото и може да предизвика вашите мускули да работат потешко правејќи едноставни задачи или да ослабат со тек на време доколку е неправилно. Од друга страна, поради неприродната положба, големи се шансите и почесто да се здобивате со повреди.
Болката и неможноста да се движите на одредени начини е најчестата несакана последица на лошото држење на телото. Тоа исто така може да предизвика негативно влијание и врз вашите внатрешни органи, па затоа и не смее да биде занемарено. Коренот на овој проблем се наоѓа во неправилното седење на работната маса, па токму затоа обрнете внимание на сугестиите во видеото со цел да си помогнете самите на себе.