Можете ли денес да си го замислите животот без вашиот смартфон? Сигурно одговорот на повеќето од вас ќе биде негативен. Но, оние кои живееле во времето пред појавата на смартфоните, може да направат разлика каков бил животот тогаш, а каков е денес. Несомнено е дека постојат многу разлики, а погледнете го ова видео кое на одличен начин прикажува како изгледаат некои секојдневни ситуации пред и после појавата на смартфоните.