Доколку сте носеле протеза некогаш во животот, сигурно се сеќавате за каква мака станува збор. Устата ви е полна со железо, што и да изедете ви останува заглавено меѓу жиците, постојано ви се прават ранички на усните и јазикот, а и ретко кој излегува убаво на фотографии со „железна“ насмевка. Веројатно постојано сте се грижеле што мислат другите за вас, ретко сте се смееле и самодовербата ви била значително намалена.
Овие згодни машки модели решаваат да видат низ што поминуваат луѓето кои носат протеза. Поради тоа тие го прифатиле предизвикот да поминат цел еден еден со протеза. Иако на почетокот биле загрижени поради реакциите на другите, на крајот сфатиле дека ретко кој воопшто забележува дали носат протеза или не. Погледнете го следново видео и дознајте како тие успеале да се справат со предизвикот…