Студиото за научна визуализација на НАСА објави неверојатно видео на кое ќе ја видите Земјата како никогаш досега. Видеото е тајмлапс симулација која прикажува 7 денови од 2005-та година кога тајфун од 4-та категорија ја погоди Кина. Научниците користеле податоци од Goddard Earth Оbserving System Model за да ја направат симулацијата. Целта на видеото е да ѝ е даде појасна слика на јавноста за нашата планета, како и да им покаже на луѓето што всушност претставува НАСА.