Освен ако не живеете под камен или во Северна Кореја, тогаш сигурно сте го гледале филмот „Егзорцист“ или барем сте запознаени со застрашувачката сцена каде што опседнатото девојче ја врти својата глава целосно, како був. Токму фактот што сите знаевме дека тоа е физички невозможно ја правеше оваа сцена полесна за гледање, па дури на момент и комична.
Но, во ова неверојатно видео, едно младо дете ни ја покажува својата необична флексибилност, со која докажува дека таа сцена и не е толку невозможна како што сме мислеле претходно. Детето успева да ја заврти својата глава за 180 степени, без притоа да се повреди. Да, тоа се смее во текот на целото видео, правејќи го исто толку морничаво како и филмот „Егзорцист“.