На шоуто „Италија има талент“ се појави 70-годишната Томоко која ги изненади судиите со својата точка. По потекло од Јапонија, Томоко се доселила во Италија на 43 години за да стане оперска пејачка. Сега на 70 години, таа го користи своето слободно време за да ги усоврши своите танцови техники на шипка.
Многумина танцот на шипка ги асоцира на нешто вулгарно и го поврзуваат со стриптиз. Но, точката на Томоко не вклучува никаква голотија, туку се базира исклучиво на гимнастички движења. Можеби ќе ви изгледа чудно, но верувајте: Нејзините движења се неверојатни. Ако сте се двоумеле да направите нешто затоа што сте мислеле дека сте премногу стари, ова видео ќе ви ги отвори очите!