Таман ќе помислите дека сте ги виделе сите таленти што можат да постојат и тогаш се појавува некое вакво видео што целосно ќе ве воодушеви. Менди Харви пеела од 4-годишна возраст, но кога на 18 години го изгубила слухот поради болест, се откажала од музиката. За среќа, таа решила дека не смее да се откаже од својата страст и затоа нашла начин како да се врати во светот на пејачите.