Кловис Фернандез, кој е навивач за Бразил, редовно ги посетувал сите натпревари на својот тим и секогаш со себе го носел пехарот. Во првите неколку минути од мечот помеѓу Бразил и Германија тој бил во добро расположение и имал добро чувство за целиот настан, но потоа се случи нешто неочекувано. Германија даде гол. Па, уште еден. Па, 3, 4, 5, 6, 7… И тогаш се случило ова што можете да го видите на видеото. Но, она што е уште поинтересно во целата оваа ситуација е дека по завршувањето на мечот тој им го предал пехарот на германските навивачи [фото] и им препорачал да го однесат до финалето.