Во 2001 година се забележал интересен нов тренд: скоро 1% од популацијата го наведува џедаизмот како своја религија. Влијанието од филмот кој бил создаден пред скоро 40 години е навистина очигледно. Но, дали станува збор за вистинска религија или пак, тоа е само еден вид голема љубов кон самата приказна и идеалите кои ни ги покажува?
Многу цркви практикуваат различни форми на џедаизам, но ниту една од нив немаат повеќе членови од „Temple of the Jedi Order“. Тие одвреме-навреме се сретнуваат лице в лице, но најчесто нивната комуникација се одвива преку Интернет. Тие имаат дури и оформени доктрини и процеси, но исто така се и добро структурирани, без разлика на фактот што нивните лидери се насекаде ширум светот.
Како и секоја друга религија, така и во оваа членовите на црквата имаат голем број верувања и ставови, па така некои луѓе ѝ пристапуваат слободно, додека други веруваат дека навистина можат да поместат објекти со нивниот ум. Да не должиме, погледнете како овие луѓе живеат со Силата и како таа им влијае врз нивното секојдневие.