Жените секогаш сакаат да изгледаат прекрасно, а за тоа им треба совршено нанесена шминка. Мажите обично го гледаат само крајниот производ без да знаат колку време и труд се потребни за да се дојде до него. Тие не можат да разберат зошто жените постојано доцнат и зошто им е потребно толку време за да се подготват. Па, затоа најчесто мажите стануваат многу нетрпеливи и ги брзаат нивните понежни половини без да покажат ни малку обѕир и разбирање. Тоа обично завршува со викање, караници и трескање врати, мажите испаѓаат нечувствителни, а жените напорни.
Токму затоа жените смислија нов предизвик! Двајца мажи треба да се обидат совршено да нанесат туш за очи за само 30 секунди, додека некој им стои над глава и им врши притисок да побрзаат. Што мислите, ќе успеат?
Да се надеваме дека по овој предизвик мажите подобро ќе ги разберат женските маки кои воопшто не се за потценување и конечно ќе сфатат дека не можат да ја избрзуваат уметноста. Погледнете го видеото, па слободно поставете му го овој предизвик на вашиот најмил.