Нед и Ариел се сопружници кои имаат комплетно различни професии. Ариел се занимава со купување и продажба на антиквитети од дома, а Нед снима и монтира видеа. Ниту еден од нив не е свесен за предизвиците и тежината на работата на другиот. Токму затоа, тие решаваат подобро да се запознаат со професијата на партнерот, па си ги заменуваат работните места на еден ден. Тоа им дава можност подобро да ја запознаат саканата личност и да научат нешто ново. Што мислите вие за овој предизвик? Би го направиле ли вие истото со вашиот партнер? Погледнете го ова забавно видео и дознајте кој подобро се снајде на новото работно место…