Маја Кучаинска е 16-годишно девојче со неверојатни танцови движења! На овогодишните „WindGames“, со својата воздушна танцова рутина, таа успева да го освои целиот свет. Станува збор за спорт познат како скајдајвинг во затворен простор и ако досега не сте чуле за него, сигурни сме дека за само неколку минути ќе ви стане омилен. Погледнете го видеото и уживајте во прекрасниот талент на оваа млада девојка.