Од мали нè учат дека љубовта нема граници, но сепак сме изложени на еден куп предрасуди кои диктираат кој во каква личност треба да биде вљубен. Разлика во години, боја на кожа, попреченост, ист пол, религија… Сите вакви врски потешко се прифаќаат затоа што се разликуваат од вообичаеното. Во суштина, ако ги тргнеме настрана наметнатите стандарди за нормалното, исправното и очекуваното, во секоја од овие врски останува најважното – љубовта.
Видеото погоре е дел од кампањата „Love Has No Labels“ чија главна порака е: „Пред сè, сите ние сме луѓе. Време е да ги прифатиме различностите. Да ги тргнеме етикетите настрана во име на љубовта“. Ова видео нè потсетува на она што сите ние многу добро го знаеме – љубовта не познава граници, ниту кога станува збор за годините, ниту за полот, ниту за расата, религијата, физичката и менталната попреченост – сите ние сме подеднакво способни за љубов.
Ако ви дојдоа солзи на очите, слободно исплачете се, солзите радосници всушност се добри за воспоставување на емоционалната рамнотежа, потврдено во едно истражување објавено во списанието „Psychological Science“.
Гледајте, споделете, исплачете се и исполнете се со љубов и среќа, а потоа појдете и гушнете и бакнете некој близок околу себе – вашиот брат, сестра, мајка… вашиот партнер, вашиот пријател…