И претходно сме зборувале за тоа дека не треба да се користи мобилниот телефон додека возите автомобил бидејќи тоа може да доведе до фатални последици за вас, но и за другите учесници во сообраќајот. Улиците се полни со луѓе чиј живот е изложен на ризик во моментот кога ќе го тргнете погледот од патот пред вас за да го погледнете телефонот. Ако никогаш не би го користеле мобилниот кога има уште некој во автомобилот, тогаш не би требало ни да го користите кога сте сами.
Во ова видео од кампањата за безбедност во сообраќајот „Може да почека“ (It can wait), насловено како „Невиденото“ (The Unseen), грижлив и внимателен татко, кој никогаш не би го погледнал телефонот додека ги вози децата во автомобилот, прави катастрофален избор кога се вози сам. Погледнете го ова трогателно видео кое ќе ви ја подигне свеста за ризикот на кој се изложувате себеси, но и другите секогаш кога го користите телефонот додека возите…