Доминантната култура во општеството ги дефинира модерните стандарди за убавина, а тоа подразбира дека убавината на белата жена пред сè се смета за идеална. Жените со посветол тен се пример за совршеност со нивната права коса, светла кожа, крупни очи и шпицести носови. Компаниите непрестајно наметнуваат производи за осветлување на кожата и косата, тврдејќи дека идеалите на убавина се достижни само ако се користат нивните производи, бидејќи кој не би сакал да изгледа така?
Но, многу жени со потемен тен не би сакале да изгледаат така. Жените се наоѓаат под постојан притисок да се прилагодат на овие ограничени стандарди за убавина и тоа не само што исцрпува, туку и штетно влијае на нивната самодоверба и сликата што ја имаат за себе, особено затоа што овие идеали се толку нереалистични.
Погледнете го ова видео во кое моќни и влијателни жени објаснуваат зошто модерните стандарди за убавина се проблематични, тргнувајќи од сопственото искуство и од тоа какви последици оставиле тие врз нив.