Живееме во општество каде владеат стереотипи и предрасуди. Во денешно време, премногу лесно ги осудуваме другите луѓе и ги сместуваме во одредени „рамки“. Луѓето со кои немаме исти интереси, потекло и ставови ги сметаме за поразлични од нас и ги обележуваме со одредени етикети како што се „религиозни“, „селани“, „фанатици“ и слично. Но, дали знаете дека меѓу сите нас постојат многу повеќе заеднички работи одошто мислите? Погледнете го следново видео кое ќе ве увери во тоа и ќе ви ги отвори очите…