Доколку ги следите инструкциите од видеото, откако ќе погледнете настрана кон ѕидот или подот ќе забележите брановидни линии кои се движат. Ова се случува поради оптичката илузија која е резултат на повторувачка психолошка стимулација. Откако видеото ќе заврши и ќе погледнете на друга страна, вашиот мозок сè уште очекува да ги гледа овие бранови, па токму затоа ги креира за вас. Изговарањето на буквите нема голема улога во овие халуцинации, освен тоа што ве тера да бидете фокусирани на центарот на мониторот, од каде што најдобро ќе ги доживеете стимулансите.
За најдобри резултати, гледајте на цел екран со најдобар квалитет. Ефектот е краткотраен.
НАПОМЕНА: Не гледајте го видеото доколку патите од фотосензитивна епилепсија.