Ова ново празнично видео топли срца насекаде ширум светот. Станува збор за неколку деца од сиромашни семејства кои најпрво кажале кои се нивните идеални празнични подароци, а потоа објасниле што нивните родители би сакале да добијат оваа година. Набрзо тие добиле 2 подарока – еден во кој се наоѓа нивната желба и друг во кој се наоѓа подарокот кој е совршен за нивните најблиски. Па, што мислите, кој подарок го одбираат тие?