Секоја година над 3 милиони деца се сведоци на семејно насилство во нивниот дом. Една од четири жени е жртва на семејно насилство барем еднаш во животот. Најтрагично од сè е што ова и понатаму останува „тивок“ проблем. Норвешката кампања за подигнување на свеста за насилството е многу едноставна, но моќно и сликовито ја праќа пораката за овој сè поприсутен проблем. Најшокантниот факт за семејното насилство е дека мноштвото случаи никогаш не се пријавуваат. Доколку вие или некого што го знаете искусува вербално или физичко насилство во домот, не седете настрана, побарајте помош!