Смачено ви е од контрацептивните пилули? Кондомите ви го прават сексот помалку пријатен? Ако знаете како порано луѓето се „штителе“ од несакана бременост можеби денешниве методи не би ви биле повеќе проблем.
Како би било да треба да ставате измет од крокодил помешан со мед пред сексуалниот чин (Антички Египет), или да носите тестиси од ласица врзани за ногата (Европа)? А што велите за чаша цеден кромид (Франција) или раствор од мелени дабарови тестиси во бело виски (Канада)? Или пак, да носите железен напрсток наместо дијафрагма? А црева од свиња наместо кондом? А кога веќе е предоцна, да се миете со Кока-кола за да ја отстраните спермата?