Се сеќавате на вашиот прв бакнеж? Сигурно бил придружен со многу возбуда, среќа, па дури и по малку срам и непријатност. Пријателството меѓу ова момче и девојче започнало уште од нивното раѓање, а сите знаеме дека машко-женските пријателства неретко преминуваат во нешто повеќе, па така тие решиле да го крунисаат нивното со бакнеж. Нивните бакнежи се детски, невини и несмасни. Не сме сигурни дали им се допаѓаат многу со оглед на тоа што го бришат лицето по секој бакнеж, но нема сомнеж дека им предизвикуваат урнебесна смеа која ќе ве орасположи и вас. Погледнете го видеото и насмејте се до солзи…