Познато е дека смеењето е заразно. Кога ќе видиме некој како се смее, нормално е и нас да нѐ фати напад на смеење. А некои луѓе имаат толку урнебесен начин на смеење што едноставно не е возможно да задржиме сериозен израз на лицето.
Смеењето е здраво и влијае позитивно на расположението и општата благосостојба. Во случај да имате лош ден, можеби следново видео од неодоливи дечиња како се смеат од срце ќе ви го намали стресот и ќе ви го подобри расположението. Погледнете го видеото и обидете се да го изгледате целото без да се насмеете.