Во 1838-ма или 1839-та година, Луј Жак Манде Дегар ја направил првата фотографија од фигури на улица. Фотографијата била направена од прозорецот на неговото студио и на неа се гледа улицата Boulevard du Temple во Париз. Оваа фотографија го означува почетокот на уличната фотографија. Оттогаш до денес се направени милиони улични фотографии, а во оваа фасцинантна компилација изработена од Гај Џоунс, можете да погледнете по една улична фотографија од секоја година, и тоа од денот на нејзиното „раѓање“, па сè до денес во 2019-та година.