Продуцентот на електронска музика RL Grime во соработка со УНИЦЕФ создал трогателно видео кое на уникатен начин ни ја покажува темната страна на бракот во детството.
Приказната е лоцирана во Чад, Средна Африка, каде што 7 од 10 девојчиња стапуваат во брак пред својот 18-ти роденден. Скоро 70% од девојчињата во земјата стапуваат во брак пред да завршат, па дури и пред да почнат со средното образование. Резултатот: Во Чад поголема е веројатноста девојче да почине при пораѓање одошто да заврши средно. Но, не мора да биде така.
Ова видео истовремено воодушевува со својата уметничка страна, допира директно во срцето со приказната и овозможува надеж за промена во иднината…