Погледнете го краткиот филм за момчето кое по 10 години откако неговиот татко починал, решило повторно да заигра на конзолата која ја добил од него кога имал само 6 години. Пред смртта на татко му, тие постојано играле видео игри заедно, но по неа, момчето едноставно не можело да се натера ни да го допре својот Xbox.
Филмот е во режија на Џон Викстром, со Зак Пулам во главната улога и е креативно насловен „Играч број 2“, бидејќи станува збор за вистинска приказна на анонимен човек кој оставил коментар на популарниот веб-сајт за хумор и сатира – Имгур. Тој објаснува како во играта „Rally Sports Challenge“, кога се игра временска трка, најбрзиот завршен круг се зачувува како играч дух кој потоа учествува во натпреварот. Највисокиот резултат во играта всушност го постигнал неговиот татко, и тој до ден денес вози крај него, не дозволувајќи си да го победи, со цел да не го избрише.