Слончето Елиот работи во здодевна канцеларија и постојано сонува со отворени очи. Еден ден неговиот пријател, глодарот, ќе му го покаже неговиот најнов проект: Машина што може да ги чита мислите и да ги прикажува на екран. Глодарот Рет ќе го запознае Елиот со друг слон по име Ели. Елиот и Ели ќе почнат да споделуваат интимни и разнобојни искуства. Тие ќе уживаат во нивната љубов, но по некое време Ели ќе му го скрши срцето на Елиот. Полека, тој ќе почне да го гледа животот со други очи. Погледнете ја оваа трогателна приказна што ќе ви предизвика солзи во очите…