Екстазите се омилен избор за журки бидејќи овозможуваат неверојатна енергија. Но, доколку налетате на лошо апче, вие се изложувате на застрашувачки несакани последици. Токму тоа му се случило и на 22-годишниот Џоди Хрдс, кој решил да направи видео со цел да ги покаже ефектите кои дрогата ги имала врз неговото тело.
Откако консумирал лошо апче екстаза, овој дечко од Австралија завршил во болница со сериозна штета на неговиот мозок. Тој пелтечи и има постојани згрчувања на мускулите – состојби кои може да го следат до крајот на неговиот живот. Погледнете ја неговата моќна порака, но внимавајте, видеото воопшто не е лесно за гледање.