Британскиот снежен артист Сајмон Бек е добро познат по неговите неверојатни уметнички креации кои ги создава со тоа што чекори по снегот. За да ја прослави новата сезона на ТВ серијата „Игра на тронови“ најавена за април, Бек одел повеќе од 32 километри за повеќе од 13 часа за да го создаде амблемот на семејството Старк на недопрениот снег на француските Алпи.