Амелија Рудолф и Роел Сибер се двајца иновативни танчари од компанијата за танц Бандалуп. Тие неодамна извеле ултранеобичен елегантен валцер на ѕидот од зградата на Градското собрание во Оукленд. Изведбата е во рамките на годишниот Арт + Соул фестивал.
Публиката далеку под нив можела да види како тие без никаков напор се извртуваат и превртуваат, а перспективата во снимката ни овозможува одблизу да видиме колку високо скокаат и како ги изведуваат неверојатните воздушни маневри.
Танцувачката компанија Бадалуп специјализира во висечки односно вертикален танц, што на танчарите им овозможува неповторлива слобода за слободно лизгање низ воздухот како да танцуваат на Месечината.