Ако сте едни од оние кои ја следат Џордан Боун на Јутјуб, тогаш веќе знаете дека таа е талентирано гуру за убавина која има свој уникатен начин на нанесување шминка. Таа ги држи четките необично и нанесува моливче за очи од агли кои не би очекувале, додека нејзините дланки се склопчени. Откако луѓето почнале да ѝ оставаат негативни коментари, прашувајќи ја што се случува со нејзините раце, таа одлучила да направи ново видео, покажувајќи му на светот колку е уникатна.