Сигурно сте ги гледале забавните видеа на јутјуберот Steffonator во кои младиот Стефан Рашковиќ споделува зачудувачки факти, реализира македонски твитови, погодува песни и си поставува себеси и на неговите пријатели интересни, а понекогаш и непријатни предизвици. Сепак, од сите нив најмногу се издвојуваат неговите видеа со наслов „90секунди“ во кои тој им поставува кратки прашања на познати македонски личности. Досега на „жешкото“ столче имаат седнато Виктор Апостоловски, Даниел Кајмакоски, Панчо од ДНК, Лила Филиповска, Тамара Тодевска и многу други, но овој пат Steffonator како гостин го има единствениот Кирил Поп Христов – Кили. Погледнете го видеото и дознајте како Кили се снајде во овој 90-секунден предизвик…