Во Америка последниве неколку години владее еден тренд наречен „promposal“ – што во груб превод значи понуда за матура. Настанот е нешто слично како понуда за брак, само што има многу покреативни идеи и се разбира, не се врзувате со личноста повеќе од ноќта што треба да ја поминете заедно во танцување. Иако досега имавме можност да видиме повеќе интересни понуди за матура, сепак ова е еден од најекстремните досега. Ова момче навистина знае што сака!