„Едвај таму“ (Barely There) е краток анимиран филм за мало поларно мече што ја бара мајка му. Истовремено по него трага сила, многу постудена од замрзнатата тундра. Целта на приказната е да ја пренесе суптилната порака за напуштање на животните, како и за еколошките проблеми со кои постојано се соочуваме. Ова е филм којшто нема да ве остави рамнодушни.