Во Кина, девојките кои не се омажени до 25-тата година се сметаат за „жени остатоци“ или како што ние би нарекле, „стари моми“. Тоа им создава огромен притисок на младите да стапат во брак, дури и во случај кога не веруваат дека ја нашле совршената личност за себе. Можеби ќе ви изненади овој факт, но во Кина сè уште постојат еден вид договорени бракови, каде што родителите ги поставуваат профилите на своите деца на таканаречениот маркет за брак и се обидуваат да ги „продадат“, ставајќи акцент на нивната плата. Но, не сите се согласуваат со овој начин на живеење. Не сите девојки се спремни да се предадат на личност која не ја сакаат. Токму затоа и одлучиле да направат некаква промена. Тие решиле да отидат на маркетот за брак, но со сосема поинаква порака од останатите…