Со новостите за легализација на хомосексуалните бракови во Америка, можеме слободно да кажеме дека започна нова ера во животот на човештвото. Но, и покрај тоа што постојат држави во кои е сосема нормално еден хомосексуален пар да шета заедно, рака под рака, во повеќето од нив, вклучувајќи ја и Македонија, тоа е нешто што луѓето едноставно не сакаат да го гледаат на улиците. Токму тоа ни го покажува и ова видео, каде што овие двајца момци ќе добијат многу негативни коментари, ќе им се дофрлаат погрдни зборови и најлошо од сè, ќе бидат дури и физички нападнати само затоа што одат држејќи се рака.