Понекогаш, за да ја разбереме реалноста на ужасните глобални проблеми, најпрво мора да ги видиме како тие се случуваат пред нас. Токму затоа, со цел да ја прошири свесноста за децата кои стапуваат во брак, 21-годишниот јутјубер Коби Персин, решил да создаде експеримент во кој 12-годишна „невеста“ ќе позира со 65-годишен „младоженец“ во центарот на Тајмс Сквер за нивната свадбена фотосесија – дури и покрај фактот што овој вид брак не е легален во Америка.
Реакциите на оние кои биле сведоци едноставно не можат да се опишат со зборови.