Сите сме биле во ситуација кога нашите пријатели нѐ убедувале да учествуваме во некоја нивна лага при што требало да ги браниме и да го потврдуваме секој нивни збор, без разлика колку лудо сето тоа звучело.
Но, тоа се нашите пријатели. Што ако тоа го побарате од тотален странец кој само што сте го сретнале на улица? Дали би биле спремни и желни да лажете за него, особено ако од вас бара да му помогнете да ја излаже неговата девојка? Како што гледаме во видеово, на многумина тоа им поаѓа од рака, па веројатно во таква ситуација и вие би се согласиле и би биле неверојатно добри во импровизацијата. Ова е вистинска дефиниција за машката солидарност.