Рекламите кои се емитуваат во текот на „Супер Боул“ имаат за цел да го привлечат вниманието на гледачите со цел мудро да го „подметнат“ производот кој го рекламираат. Не можеме да кажеме дека им замеруваме, бидејќи продолжението од ланската приказна „Puppy Love“ која ја погледнаа над 55 милиони луѓе, нè воодушевува исто толку колку првиот дел. Овој пат приказната за изгубеното куче повторно нè потсеќа за моќта на пријателството и силната волја која секогаш може да нè врати онаму каде што припаѓаме. Уживајте во „Lost Dog“.