Една интересна и позитивна организација од Њујорк, која е составена само од жени, професионалци од различни области и професии, е посветена на поддршка и инспирирање на други жени да ги следат своите соништа и да ги уриваат бариерите кои се издигаат пред нив. Жените од оваа организација, кои пред сè им помагаат на бездомничките, сметаат дека споделувањето на знаењето и вештините ја зголемува благосостојбата во светот. Тие исто така ја ставаат и хигиената на прво место, давајќи им шанса на овие жени подобро да се грижат за себе.
„Луѓето мислат дека продуктите за хигиена на жените се луксуз, но реалноста е дека тие се потреба“, вели една од бездомничките.