На 1-ви декември 2018-та година, приземјувачот на НАСА InSight со неговиот сензор за воздушен притисок и неговиот сеизмометар детектирал вибрации од ветар со брзина од 16-24 километри на час. Вибрациите се на фреквенција што луѓето можат да ја слушнат, но е навистина тешко да се слушне од звучници на лаптоп или мобилни телефони. На видеото можете да ја слушнете оригиналната снимка, како и верзија повисока за 2 октави. Препорачливо е да ја слушате снимката на систем за озвучување со сабвуфер или на слушалки. Податоците од сензорот за воздушен притисок се забрзани 100 пати со цел да бидат чујни.