Скоро секоја принцеза од Дизни е создадена според стари народни приказни. Овие приказни најчесто се среќаваат низ европскиот континент, но се раскажуваат насекаде низ светот. Па, љубителите на филмови од „Movie Munchies“ мислеле дека ќе биде интересно ако им покажат на гледачите како би звучеле принцезите од Дизни кога би пееле на својот мајчин јазик во една дводелна компилација на најпознатите песни на принцезите. Во првиот дел, Ариел пее на дански, Златокоса на германски, Мулан на кинески, а Елса на норвешки јазик. Во вториот дел, пак, Убавицата пее на француски, Снежана на германски, Мегара на грчки и Ана на норвешки јазик. Погледнете за што станува збор.