Погледнете ја 15-годишната Морган Смит чија животна цел е да настапи пред англиското кралско семејство, но најпрвин треба да се соочи со судиите од популарното шоу „Британија има талент“. Таа е на добар пат, бидејќи публиката ужива слушајќи го нејзиниот неверојатен глас кој потсетува на познатите соул дами како Арета Френклин и Ета Џејмс.