Бумер е бенгалско маче кое поради своите карактеристични шари наликува и на тигар и на леопард. Бенгалските мачиња се специфични врсти кои, за разлика од обичните мачиња, сакаат да се движат, да вежбаат и да мјаукаат многу погласно. Професионалниот тренер за животни, познат на социјалните мрежи како „CATMANTOO“ се занимава со оваа професија дури 34 години и вели дека Бумер го има исклучиво за професионални цели, како што се правењето интересни видеа со животни. Тој исто така ги советува сите оние кои сакаат да имаат маче да не купуваат, туку да посвојат. Погледнете како неговиот сладок Бумер, на една изложба за кучиња, со своето носе запознава 50 кученца.