Погледнете го слаткиот лабрадор Ува која за прв пат се запознава со неодоливото роботче BB-8 од последното продолжение на популарниот филмски серијал „Војна на ѕвездите: Силата се буди“. Таа веднаш одлучува дека тоа е нејзиното ново најдобро пријателче и постојано си игра со него додека не го расклопи, за потоа да продолжи да се растрчува наоколу кога нејзиниот сопственик повторно ќе го состави.