Зарем има нешто послатко од малечки бебенца кои со својата безгрижност и искреност можат да го разубават сечие секојдневие? Но, што би се случило кога ќе ги облечете како славните личности од историјата и денешницата како што се Бетовен или кралицата Елизабета? Популарниот Јутјуб канал „Hello Denizen“ решил да го направи токму тоа, а судејќи според видеото, екипата и дечињата одлично се забавувале. Погледнете.