Зајакот е толку малечок што едвај се гледа во тревата, а кучето е толку големо што споредено со него изгледа како џин. Златниот ретривер Мег има 11 години, а малото зајче го носи името Мал Џон. Мег и Џон се допираат со муцките и меѓусебно се испитуваат на една ливада во Канада. Во секој момент очекуваме зајчето да праша „Еј, дали си ти мојата мајка?“ Погледнете ја оваа нивна игра, која прераснува во прекрасна животинска магија.