Доколку мислевте дека за снимањето на екстремните спортови е потребна посебна и скапа опрема, тогаш подгответе се да ги промените своите ставови. Николас Вуигниер, професионален скијач од Швајцарија, ја доведе уметноста на селфито на едно сосема различно и повисоко ниво. Тој направил едно неверојатно скијачко видео со неговиот Ајфон 6 кој го врти околу главата и кое со своите визуелни ефекти потсетува на филмот „Матрикс“. 25-годишниот Николас го нарече својот експеримент „Центрифон“, а вели дека му биле потребни две години за да го постигне посакуваниот резултат. Но, неговиот труд и време дефинитивно се исплателе бидејќи неговите снимки се фасцинантни.