Вработените во „Атлантис“ – Авантуристичкиот воден парк во Дубаи, решиле да ги повикаат само најискусните скејтери, во случајов тоа биле скејтерите Алекс Сорџенте, Милтон Мартинез и Џан Хофман, за да се впуштат во една незаборавна скејтерска авантура која веројатно нема да ја сакаат да ја повторат. Под спонзорство на Red Bull и како промотивна кампања за производот, водниот парк бил целосно испразнет и неговите необични лизгалки и масивни транзиции биле користени како едни од најнеобичните терени за скејтање досега. Погледнете како Алекс, Милтон и Џан ѝ пркосат на гравитацијата.