Многу ни е лесно да разбереме дека некој не сака да пие чај кога ќе каже дека не сака, но за некои работи во животот изгледа ни е тешко да разбереме дека „не“ значи „не“. Видеото „Tea consent“ од „Blue Seat Studios“ преку совршена аналогија и одличен хумор ни ја покажува секоја ситуација во која некој не сака „чај“ и според тоа не треба да му го „налевате“ сосила.