Иако изгледа како многу краток период, во првите 60 секунди од раѓањето на едно бебе, се случуваат многу важни работи. Во првите секунди од вашиот живот, вие сте го гледале светот низ заматен поглед. Тогаш сте го земале и првиот здив, затоа што во утробата на вашата мајка, кислородот до вас доаѓал преку плацентата. Белите дробови кои биле полни со течност, во првите секунди почнале да се полнат со воздух. Веројатно тогаш и сте заплакале за прв пат, а тоа плачење според некои истражувања, помага да се развијат белите дробови.
Во првите 60 секунди сте ја доживеале и првата промена на телесната температура. Тогаш ви била пресечена папочната врвца и сте го започнале животот без помош на плацента. Најверојатно сте изгледале како „Марсовец“ затоа што кожата ви била речиси сина и покриена со дебел мрсен слој. Откако докторите во болницата ве средиле, ве поставиле на градите од вашата мајка за да се поврзете повторно со неа. Погледнете го видеото кое покажува колку е значајна првата минута во животот на секој човек.